Почина реномираната историчарка Наде Проева, беше експерт за Стариот век и Aнтичките Македонци

Вчеравечер на 75-годишна возраст почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет на УКИМ и експерт по античка историја.

Нејзина особена професионална специјалност беа историјата на стариот век и историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предаваше на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, строг но омилен професор, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда.

Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејината кига „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: