НАЈНОВА ВЕСТ: Позната казната за двата клуба поради кои цел регион и се смееше на Македонија

Натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција меѓу Скопје и Гевгелија го одбележа скандал, откако ракометарките на двете екипи си постигнуваа автоголови, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реши да ги санкционира.

РФМ донесе одлука со која двете екипи се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 24/25 во сите женски категории, а исто така се очекуваат казни и за одговорните лица во тимовите.

Во текот на утрешниот ден се очекува објаснување за изречената санкција кон екипите кои покажаа како едни спортисти не треба да се однесуваат на теренот.

Пронајдете не на следниве мрежи: