Лидерот на Хезболах, Наим Касем изјави дека го добил предлогот на САД за прекин на огнот. Тој додаде дека каков било прекин на огнот ќе зависи од одговорот на Израел и сериозноста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– На Израел не би требало да му биде дозволено да го крши суверенитетот на Либан и да влегува во земјата и да убива, истакна Касем, при тоа додавајќи оти Хезболах во исто време ќе преговара и ќе се бори.
Тој истакна и оти кога ќе биде постигнат договор за прекин на огнот Хезболах ќе биде присутен во политичкиот живот на Либан.





