Арсовска: Небулоза на Бирото за јавни набавки, па која фирма сака да го снабдува загубарот ЈСП со гориво?

Данела Арсовскја, градоначалничката на Скопје, во изјава за Телма го оцени како небулозен потегот на директорката на Бирото за јавни набавки.Маре Богева, да го стопира тендерот за набавка на гориво за автобусите на ЈСП.

Аргументот од Бирото за јавни набавки беше дека имало превид во цените и дека се пријавила само една фирма на огласот за јавната набавка, што според Арсовска е нелогично.

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје се соочува со досега најголеми проблеми во функционирањето, нема доволно гориво за сите автобуси, а оние кои сообраќаат, доцнат со часови со што е загрозено и функционирањето и на работниците и на учениците.Бирото за јавни набавки пред една недела ја поништило постапката за набавка на гориво еуродизел во фазата на управен надзор на 13 ноември.Бирото за јавни набавки нема објаснување што открил надзорот во оваа постапка, но според законот тендерот може да биде прекинат после спроведување на контролата.

– Не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво, затоа што цената ја одредува Регулаторната комсија за енергетика и е иста за сите.Не може да се наддава за таа цена. Не може да биде пониска или повисока. Не знам и зошто директорката има замерка на тоа што само една компанија дала понуда. Сите ги гледаат притисоците и ретко кој би се охрабрил да учествува на тендер на претпријатие загубар,рече Арсовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.