Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон била блокирана поради безбедносно предупредување, а одекнала и експлозија, јавуваат британските медиуми.
Полицијата активирала сомнителен пакет пронајден во близина на американската амбасада во контролирана експлозија која предизвикала силен удар, пишува Independent.
Во соопштението објавено на платформата X, лондонската полиција соопшти дека полициските кордони ќе останат во Амбасадата на САД бидејќи истрагата за пакетот е во тек.
„Можеме да потврдиме дека „гласниот тресок“ пријавен во областа пред кратко време е контролирана експлозија извршена од полициски службеници“, се вели во соопштението.
Вооружени припадници на полицијата, како и на противпожарната служба се фотографирани пред зградата на американската амбасада во Лондон.
Околните улици се затворени за сообраќај и за пешаци.





