Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата Ал Арабија истакна дека Москва не сака да биде употребено нуклеарно оружје.
– Употребата на нуклеарно оружје во согласност со нашата доктрина е последната опција. Воопшто не сакаме тоа да се случи. Никој не е луд во руското раководство, наведе Медведев.
Според него, конфликтот во Украина може да биде прекинат без дополнителни загуби за човештвото доколку НАТО престане да го разгорува огнот на војната.
Медведев наведе дека украинските напади со оружје со долг дострел само ја отстрануваат можноста за преговори.