Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази денеска поддршка за налозите на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, јави Ал Џезира.
„Земјите кои зборуваат за демократија и човекови права поттикнуваат угнетување со нивната поддршка за Израел, наместо да се обидуваат да ги запрат масакрите и геноцидот“, рече Ердоган на собир на граѓанско општество во Истанбул.
Ердоган рече и дека „крвта на мачениците и повредените во Палестина е пролеана не само на нивните убијци, туку и на оние кои не ги спречиле“.