Притвор за министерот во оставка Весиќ и другите осомничени за несреќата во Нови Сад

Судот во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на министерот за градежништво на Србија во оставка, Горан Весиќ и на поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.

Тримесечен куќен притвор добија в.д. директорката на Железничката инфраструктура и помошникот министер за железнички транспорт. Притвор до 30 дена добија уште седуммина осомничени за незаконско и нередовно изведување градежни работи.

Притворените се во групата осомничени поради уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: