Производителите предупредуваат на нов бран поскапувања, доколку продолжи да расте цената на струјата на берзите

Високата цена на струјата закана за нов бран поскапувања. Од производствената индустрија велат дека за еден месец цената на електричната енергија на отворен пазар е зголемена за над 200 проценти и ако продолжи тој тренд не се сигурни дали ќе можат да ги задржат цените.

Поради ова минатата недела имале и средба со министерот за економија на која истакнале дека поради цените на електричната енергија можеби сега не е време за креирање на т.н. „Новогодишна кошничка“.

Сметаме дека поради состојбата на пазарот со струја не е време за новогодишна кошничка.која се планира да биде донесена затоа сто нема да има ефект, но се сложивме да учествуваме. Ако овој тренд со цената на струјата продолжи а државата не преземе мерки многу же.биде тешко да се задржат цените, велат од производствената индустрија.

Од Регулаторната комисија са енергетика појаснуваат дека малите потрошувачи можат да се вратат на регулиран пазар согласно нивните проценки. Многу од нив поради тоа што имаа подобри услови на отворен пазар одлучија да се снабдуваат со електрична енергија од таму, но во последно време цените на берзите почнаа да дивеат и во некои денови надминуваа и 400 евра за мегават час, како што беа на самиот старт на енегетската криза.

Овие цени се многу повисоки од оние во другите држави од ЕУ, па поради тоа пред извесно време надлежните побараа објаснување од Европската енергетска заедница зошто е тоа така. Од таму објаснија дека е заради лошото енергетско поврзување на земјите од југоисточна европа, нешто со што бислимовски не се согласува.

Во мегувреме се крои и нова цена на струјата за домаќинствата. Премиерот Мицкоски неколку пати рече дека нема да има скок на цената, а ако дојде до тоа ќе биде до 3 проценти.

За неколку дена ЕСМ треба да достави нова понуда со цена на својата електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, од која всушност најмногу ќе зависи каква ќе биде цената за граѓаните. Од владата тврдат дека и новата понуда од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: