„МАКЕДОНИЈА e федерација ама нема кој да ѝ каже: Ванковска за Гаши и неговиот став за палењето на знамето

Се нижат реакциите за уништувањето на македонското знаме. Професорката Билјана Ванковска, на нејзиниот фејсбук профил го критикуваше ставот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кој тој истакна дека патриоти се тие кои го почитуваат своето ззнаме но и знамето на туѓите.

„Гаши: “Никако не е дозволено да се гази, навредува и повредува, туѓо знаме, туѓ симбол на друга заедница која и да е таа. Патриоти се тие кои го почитуваат своето знаме, но и знамето на другите.”

Ако вака зборува првиот меѓу еднаквите во ДЕМОКРАТСКО И НАРОДНО ПРЕТСТАВНИЧКО ТЕЛО, ако тој дели лекции за НАШИ и ТУЃИ – тогаш заклучокот е дека и тој таму за мнозинството граѓани е ТУЃ, затоа што македонското ДРЖАВНО знаме не го смета за свое!

Во 2010 година напишав колумна со наслов “Македонија е федерација ама нема кој да ѝ каже”. Пред 14 години! И затоа немојте сега со паѓање во несвест ! Ова не е држава, колонија е. А дел од популацијата е на страна на колонизаторот.“ напиша таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: