Мицкоски: Во моментов не гледам причина за лидерска средба

Премиерот Мицкоски во моментов не гледа потреба од одржување на лидерска средба, откако од СДСМ побараа лидерите на парламентарните партии итно да седнат на заедничка маса .

Премиерот Мицкоски во моментов не гледа потреба од одржување на лидерска средба, откако од СДСМ побараа лидерите на парламентарните партии итно да седнат на заедничка маса по тензичните случувања и сквернавењето на македонското знаме. Мицкоски сепак не ја отфрла можноста таква средба да се одржи доколку постојат аргументи за тоа, за што ќе размисли во наредните денови. Последните случувања, според премиерот нема да влијаат на владината коалиција и повика на обединување и смиреност.

Од ДУИ пак обвинуваат дека полициски службеници биле вклучени во палењето на албанското знаме поради што бараат оставка од Тошковски и заменик министерот за внатрешни Исени, во спротивно најавија интерпелација и за двајцата во Собранието.

Првиот вицепремиер Меџити пак велат дека истите оние кои бараат интерпелација се поврзуваат и со предизвикувачите на тензизиите. Вели одговорност ќе има и оние кои го сквернавеа македонското знаме и за оние кои го остраниле албанското знаме во Куманово.

Од ВМРО-ДПМНЕ за содзавњето на етничките тензии ги обвинуваат ДУИ И СДСМ со цел да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле и ги повикаа граѓаните да не подлегнуваат под провокации.

Пронајдете не на следниве мрежи: