(Видео) Хаос во Грузија: Гори зградата на парламентот

Неколку илјади проевропски демонстранти вечерва трет ден по ред излегоа на улиците на Тбилиси, протестирајќи против владата, која опозицијата ја обвинува дека го одвлекува вниманието на земјата од нејзините амбиции за влез во Европската унија (ЕУ).

Полицијата ги растера претходните два протести со водени топови и солзавец и уапси повеќе од 100 лица.

Протестите беа поттикнати од одлуката на владата, обвинета за проруски авторитаризам, да ги одложи разговорите за интеграцијата на Грузија во ЕУ до 2028 година.

Опозицијата ги оспорува и резултатите од парламентарните избори одржани во октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон.

Собирот се одржува вечерва во близина на парламентот, а дел од демонстрантите носат грузиски и знамиња на ЕУ.

Околу 160 грузиски дипломати ја критикуваа одлуката на владата да го одложи процесот на европска интеграција, велејќи дека таа е во спротивност со Уставот и доведе до меѓународна изолација на земјата.

Повеќе од 100 училишта и универзитети ги прекинаа своите активности во знак на протест.

И покрај ваквата одлука, Владата наведува дека сака да продолжи со реформите и дека сепак има намера да влезе во ЕУ, но во 2030 г.

Грузија официјално доби кандидатски статус за членство во ЕУ во декември 2023 година, но Брисел оттогаш го замрзна процесот, обвинувајќи ја извршната власт за сериозно демократско назадување.

Пронајдете не на следниве мрежи: