Единиците на косовската полиција продолжуваат да вршат проверки на различни локации во Зубин Поток, по нападот што се случи во водотекот Ибар-Лепенац, потврди за РТВ21 заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Денеска во раните утрински часови во селото Вараге кај Зубин Поток била распоредена специјална единица К-9 на косовската полиција во придружба на обучени полициски кучиња.
Оваа единица е ангажирана за пронаоѓање евентуални експлозивни материи на овој простор, каде пред два дена имаше експлозија која го оштети каналот Ибар-Лепенац.
Засега не се знае дали е пронајдено неексплодирано количество експлозив.
Оваа единица е ангажирана за помагање за евентуално откривање на експлозив во оваа област, каде пред два дена се случи терористички напад.





