Прегазено дете во Гевгелија, возачот избегал

Малолетник бил прегазен вчера во Гевгелија при што се здобил со тешки повреди.

„Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(61) од Богданци, удрило во малолетен пешак од Гевгелија, по што го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гевгелија“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Пронајдете не на следниве мрежи: