Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД, смета дека е време рускиот претседател Владимир Путин да преземе чекори за почеток на преговорите за Украина.
– Добро го познавам Владимир (Путин). Неговото време да дејствува дојде. Кина може да помогне. Светот чека!“, напиша Трамп на својата страница на социјалната мрежа „Truth Social“.
Тој претходно изјави дека конфликтот во Украина никогаш немаше да започне ако тој беше претседател на САД наместо Џозеф Бајден. Тој исто така нагласи дека, доколку биде реизбран, има намера да постигне решение за конфликтот меѓу Русија и Украина за само 24 часа. Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги зборовите на Трамп, овој конфликт го нарече премногу комплексен проблем за да се реши за еден ден.





