„Сиријците сега ќе треба сами да се справат со граѓанската војна“, изјави висок руски политичар. Ова е прва реакција од Москва за падот на Башар ал Асад, кого Москва со години го поддржуваше и спасуваше од бунтовниците.
Константин Косачев, заменик-претседател на Горниот дом на рускиот парламент, ова го изјави утринава откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Асад.
Русија со години беше верен сојузник на Асад и интервенираше во 2015 година за да го поддржи за време на сириската граѓанска војна. Но, Русите го напуштија кога бунтовниците започнаа молскавична офанзива која на крајот го собори.





