На 08.12.2024 во 20.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Панче Караѓозов со ул.„Широк Дол“ во Штип, патничко возило „цитроен ц2“ со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К.(18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.
-По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.