Бејзбол играч го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот, ќе заработи 800 милиони долари

Бејзбол играчот Хуан Сото со новиот договор со Њујокр Метс стана играчот со најбогатиот договор во историјата.

Во прашање е договор од 15 години според кој Сото ќе заработува 51 милион долари по сезона или вкупно 765 милиони долари. Покрај основната плата во неговиот договор има и бонуси според кои заработката на Сото може да достигне и до 800 милиони долари.

Претходно сличен договор имаше Шохеи Охтани кој оваа година се обврза на деветгодишна соработка со ЛА Доџерс од 700 милиони долари.

Треба да се каже дека Сото не е спортистот со најголема годишна плата, но е спортистот кој севкупно на еден договор има најголема сума досега.

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Пронајдете не на следниве мрежи: