Курти го пушта низ вода Влен: Албанците во Македонија, Црна Гора и Прешевската долина се најдискриминирана заедница

Косовскиот премиер Албин Курти порача дека не треба да се фалиме со постигнатото меѓу Албанија и Косово бидејќи има уште многу работа за граѓаните. Курти во својот говор на заедничката пленарна седница во Приштина спомена дел од договорите постигнати меѓу двете влади.

„Денес во Приштина времето е студено, но верувам дека тоа воопшто не влијае на топлата атмосфера во оваа сала. Не може поинаку, нашите две републики се парламентарни и вие пратениците ги претставувате граѓаните на двете држави и припадниците на истиот народ. Нашите две држави се политички израз на истиот вековен стремеж на Албанците за зачувување на идентитетите и националното единство. Чувството за братство и одговорност кон граѓаните мотивираат вакви средби. Како шеф на владата на Косово, изразувам задоволство што двете собранија го прават балансот во договорите потпишани од одбраната, инфраструктурата, земјоделството, заедничкиот пазар на енергија, прекуграничното движење, признавањето на училишните дипломи, учебниците… досегашните договори се опипливи за граѓаните. Албанија е меѓу првите 5 земји со кои Косово има најголема трговска размена“, рече Курти.

„Свесни сме дека не смееме да се фалиме со нашите достигнувања, имаме многу работа како влада и парламент за да ја олесниме соработката меѓу граѓаните на нашите две републики бидејќи како што рече поетот Примо Шлаку, албанско-косовската граница е како граница помеѓу две комори на срцето. Собранијата имаат важна улога во одобрувањето на билатералните договори“, изјави Курти пред пратениците од двете земји.

Потоа косовскиот премиер Албин Курти се осврна на актуелната безбедносна состојба на Косово, на последните инциденти кои ескалираа нови непријателства меѓу Белград и Приштина и застој во меѓународно поддржаниот дијалот меѓу Косово и Србија.

„Во Македонија, Црна Гора и Прешевската долина, бидејќи тие се најдискриминирани заедници, затоа буџетот од 4 милиони евра за Република Косово е посветен на нив, се надеваме дека ова ќе биде пример и за Албанија. Косово и Албанија веруваат во човековите права. Денес, повеќе од кога било, земјите веруваат дека им требаат повеќе на НАТО и ЕУ. Ние во Косово сме среќни со фактот што Албанија е членка на НАТО и кандидат за ЕУ. Во меѓувреме, НАТО е во Косово, но Косово не е во НАТО. Се преземаат чекори за тоа. Не треба да влеземе во НАТО затоа што не сме доволно силни, туку треба да имаме корист од НАТО. Нападите во Бањска и „Ибар – Лепенец“ на југ го направија членството на Косово во НАТО итна работа, бидејќи тие доаѓаат од ист правец, од Србија. Денеска на Косово можеби има терористички акти, но сега кога тие ја изгубија контролата им дојде крајот, нивните терористички акти се нивниот крај“, рече Курти.

Пронајдете не на следниве мрежи: