Американскиот милијардер Илон Маск, кој треба да ѝ се приклучи на администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, во петокот ја коментираше предизборната кампања во Германија, нарекувајќи ја крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) спасителка на земјата.
AfD е втора во анкетите и може да ги спречи централно-десничарските и левиот центар да добијат мнозинство, но центристичките партии во Германија ветија дека ќе избегнат поддршка или коалицирање со AfD на национално ниво.
Водечката европска сила ќе гласа на 23-ти февруари откако падна коалициската влада на левиот центар предводена од канцеларот Олаф Шолц.
„Само AfD може да ја спаси Германија“, напиша Маск во објавата на X.
Агенијата Reuters коментари дека Маск и претходно изразувал поддршка за другите антиимиграциски партии низ Европа.
Германската влада на редовната прес-конференција соопшти дека ја видела објавата на Маск, но одби да коментира.
Маск сподели порака од германската десничарска инфлуенсерка Наоми Зајбт, која го критикуваше водечкиот кандидат за канцелар во анкетите Фридрих Мерц, кој дојде на чело на Христијанско-демократската унија (CDU) по повлекувањето на најдолговечната канцеларка Ангела Меркел во чија политичка немилост со години беше.
Во септември се одржаа избори во три германски сојузни покраини – Саксонија, Тирингија и Бранденбург, каде владејачките партии, чијашто коалиција оттогаш се распаднаа, коалицијата на канцеларот Олаф Шолц (SPD), доживеа голем неуспех, а AfD доживеа голем раст.
AfD се етаблира како втора најсилна политичка партија во Германија на сојузно ниво од минатата година во повеќе истражувања на јавното мислење. На повеќето покаински избори eсенва анализите покажуваа и дека AfD била особено успешна во источните делови од Германија и кај помладите гласачи. Во групата од 16 до 24 години оваа партија освоила 17 отсто од гласовите.
И покрај падот на популарноста поради бројните скандали со нејзините политичари, хајката во мејнстрим медиумите и ставањето на големи нејзини делови под следење и опсервации на безбедносните служби и барањата на етаблираните партии за нејзина забрана, AfD успеа да профитира од незадоволството на граѓаните од работата на коалициската влада. AfD, исто така, имаше полза и од убедувањето на многу гласачи дека Унијата на CDU/CSU, исто така, нема да водеше подобри политики доколку беше на власт губејќи ја својата конзервативна и десна политичка ориентација.
Маск веќе ја изрази својата поддршка за AfD минатата година кога го нападна начинот на кој германската влада се справува со илегалната миграција. Маск, исто така, во ноември повика на смена на италијанските судии кои се сомневаа во законитоста на владините мерки против илегалната имиграција.
Лидерот на британската десничарска партија „Reform UK“ и пријател на Трамп, Најџел Фараж, објави фотографија оваа седмица од средбата негова и на секретарот на партијата со Маск во резиденцијата на Трамп во Флорида и рече дека разговара со Маск за финансиска поддршка.