Мајката на напаѓачот oд училиштето во Загреб рекла дека ноќта не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат на својот син.
„Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да биде надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози. Докторот ладнокрвно го пушти да се грижиме за него“, изјави за „24сата“ мајката на осомничениот за трагичниот напад во училиштето во Пречко.
Млад човек (19) денеска утрово упадна во училиштето и ги нападна децата и наставничката.
Едно дете почина, додека седум, меѓу кои наставничка и шест ученици се повредени.





