„Ова не е блеф“: Предупредија дека ќе ја прекинат испораката на гас за Европа

Катарскиот министер за енергетика, Саад Шерида ал Каби, предупреди дека неговата земја ќе ја прекине испораката на гас за Европската унија доколку Катар биде казнет врз основа на новите прописи на ЕУ.Директивата на ЕУ, која стапи на сила во јули, предвидува казни до пет отсто од вкупниот годишен приход за компаниите чие управување не ги зема предвид прашањата за негативно влијание врз животната средина или човековите права, објави Политико.„ Ако изгубам пет отсто од мојот приход снабдувајќи ја Европа, тогаш нема да го снабдувам “, рече катарскиот министер во интервју за „Фајненшл тајмс“, додавајќи дека тоа не е блеф.Катар стана клучен европски снабдувач на течен природен гас (ЛНГ), откако земјите од ЕУ ја намалија зависноста од руските енергетски извори по рускиот напад врз Украина, потсети Политико.КатарЕнерџи, државен гигант, има долгорочни договори за снабдување со ЛНГ со Германија, Франција, Италија и Холандија. Ал-Каби, кој е и извршен директор на компанијата, рече дека регулативите на ЕУ не можат да се применуваат за фирми како што е Катар Енерџи.Новите регулативи според директивата на ЕУ се дел од пошироката стратегија на Унијата за усогласување на корпоративните практики за да се постигне целта за нула емисии до 2050 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: