Рускиот претседател Владимир Путин има намера да се сретне со сменетиот сириски претседател Башар Аса, кој доби политички азил во Русија, но сè уште не се знае точното време на нивната средба, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.– За време на неодамнешната конференција, во директна линија, претседателот (Владимир Путин) спомена дека ќе се сретне со Асад, кој доби политички азил во Руската Федерација, но точното време на нивната средба сè уште не е познато – рече Ушаков на брифингот, пренесе агенцијата РИА Новости.Тој рече дека Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц за време на телефонскиот разговор не го покренале прашањето за организирање на посетата на Шолц на Москва.„Мировна мисија“Разговорот меѓу Путин и Шолц се случил во средината на ноември, наведува агенцијата.– Имаше многу коментари на оваа тема, но искрено ќе ви кажам дека ова прашање не беше покренато од ниту една страна – изјави Ушаков на новинарите, одговарајќи на прашањето дали ќе биде можно Шолц да ја посети Москва.На 20 декември германскиот дневен весник „Шпигел“ објави дека во опозициската Христијанско-демократска унија кружат гласини дека Шолц во наредните денови би можел да замине во „мировна мисија“ во Москва.Од прес-службата на германскиот кабинет за агенцијата РИА Новости изјавија дека медиумските написи за евентуалната претстојна посета на Шолц на Москва се фикција.
Пронајдете не на следниве мрежи: