ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА ШТО СРБИЈА Е ПОРАЗВИЕНА: Брнабиќ ги коментира последните прозивки од Загреб

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека стратешки интерес на Хрватска е со насилни и недемократски средства да го сруши претседателот на Србија, Алексанадар Вучиќ, и посочи дека Хрватска не може да се помири со фактот дека Србија за првпат во историјата ќе биде пред Хрватска по БДП.

Брнабиќ ја коментираше изјавата на кандидатката за претседателка на Хрватска, Ивана Кекин, која неодамна рече дека стратешки интерес на Загреб е Вучиќ да не биде претседател на Србија.

За Брнабиќ ова претставува мешање во внатрешните работи на Србија.

– Ова значи и дека таа земја обезбедува организациона, логистичка разузнавачка и финансиска поддршка на сите напори во земјата и надвор од неа, за да се постигне стратешкиот интерес, а тоа е Александар Вучиќ повеќе да не биде претседател на Србија. Тоа е директно мешање на внатрешните работи на Србија. Замислете некој од Србија да го каже тоа за Хрватска. Тие повеќе се занимаваат со Србија, отколку со себе – изјави Брнабиќ.

Таа изјави и дека масовниот митинг кој се случи на плоштадот Славија во центарот на Белград во неделата не бил студентски, туку политички протест против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Нова.

Како што пишуваат српските медиуми, Брнабиќ изјавила дека на средбата биле присутни и опозициски политичари, иницијативата Проглас, граѓански организации кои го поддржуваат разрешувањето на Вучиќ, а најмалку од сè имало студенти.

Пронајдете не на следниве мрежи: