Морничави сателитски слики од катастрофата во Лос Анџелес! Огнената стихија зафати цели населби! Милион и пол луѓе без струја, штетите се огромни а најлошото допрва доаѓа

Илјадници пожарникари се борат со пожарите кои беснеат во областа на Лос Анџелес. Пет активни пожари горат во американската метропола, а двата најголеми, во Итон и Палисадес, во моментов се целосно надвор од контрола.Сателитските снимки од подрачјата погодени од пожарите ги покажуваат сите димензии на катастрофата.
LA Fires in Satellite Images🛰️🧵#EatonFire had already done horrific damage and many homes in smoldering ruins. The satellite photo below, taken over Marathon Road in Altadena, shows near-total devastation of homes on Wednesday.📸 Image Source: MAXAR pic.twitter.com/TB1Iv9BJlF— FireMap.live 🔥🌎 (@disaster_db) January 9, 2025

À Altadena, nichée derrière les montagnes au nord de Los Angeles, les pompiers peinent à faire face à l’ampleur des dégâts et à la multitude de foyers à maîtriser. Les rues, envahies par les flammes, offrent une vision apocalyptique. Une image satellite fournie par Maxar… pic.twitter.com/duIodfpUZo— Hadi Hassin (@hassinhadi) January 9, 2025
Во споменатите два најголеми пожари изгореа речиси 26.400 хектари земја.Според канцеларијата на окружниот шериф, најмалку пет лица загинале во пожарот, а повеќе од илјада куќи изгореле. Поради бројот на уништени згради, овие пожари се сметаат за најлошите во историјата на градот.На околу 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат, а локалните власти отворија неколку засолништа за луѓето и животните кои бегаат од пожарот.Се проценува дека околу еден и пол милион луѓе во Јужна Калифорнија се без струја.Приватната американска метеоролошка агенција Aquaweather ја објави својата проценка за материјалната штета – околу 50 милијарди долари.Пожарот е дополнително разгорен од ветровите на Санта Ана и предизвикува пожарот многу брзо да се шири.Поради ветерот, авионите кои се гасеа со пожарот беа привремено приземјени, но тие повторно полетаа во средата попладне.Метеоролозите велат дека условите за ширење на пожарот ќе траат до петок .

Пронајдете не на следниве мрежи: