Сите манипулираат, министерот дали знае што им се случува на оризарите? – прашуваат оризопроизводителите од истокот на државава каде состојбата со откупот на оризот е алармантна.
– Како да направиме репродукција кога производната цена е 26 денари, под 26 денари се откупува. Дали е свесен тој министер што им се случува на оризарите? Воопшто не е свесен, вели еден од оризопроизводителите.
Според нив 70% од оризот стои неоткупен, а производителите се должни по земјоделските аптеки, а не можат да ги покријат ни трошоците за производство.
– Никогаш не било толку ориз да не се откупува, вели еден од производителите кој вели дека министерот не ги ни погледнал документите кои тој му ги престставил.
Според производителите проблем е увозот на ориз, а бараат и средба со министерот за решавање на оваа ситуација.