Директорот на ЦИА Вилијам Барнс рече дека израелските заложници и палестинските цивили во Газа моментално се во „пеколни услови“, поради што има „итна“ потреба да се постигнат договори за прекин на огнот.Во интервју за американскиот NPR, Барнс одби да одговори на прашањето кој е одговорен за отсуството на договор за прекин на огнот, нагласувајќи дека преговорите во моментов „постигнуваат сериозен напредок“.„Сè уште мислам дека има шанси за договор, но од искуство научив дека не треба да имаме преголеми очекувања“, рече Барнс, додавајќи дека американската администрација ќе вложи максимални напори да постигне договор пред да заврши мандатот на американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Ројтерс.Тој нагласи дека преговорите кои моментално се водат се „сериозни“ и нудат можност за постигнување договор во следните две недели.
Пронајдете не на следниве мрежи: