Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евра

Kaко што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), заклучно со септември минатата година во хотелско-угостителскиот сектор се слеале 270,2 милиони евра.

Приходот во 2023 година заклучно со септември бил 246,5 милиони евра, или за 23,7 милиони евра помалку од оној во 2024 година за истиот период.

Најмногу пари се трошат за храна и кафе, чај, па за пијалаци, а дури потоа се ноќевањата. На разни пијалаци во угостителските објекти македонските граѓани и туристите лани за 9 месеци потрошиле 56,8 милиони евра, а година претходно 52,9 милиони.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, е зголемен за 0.6 oтсто.

Пронајдете не на следниве мрежи: