Најмалку седум лица загинаа, а 65 се повредени во експлозија на бензинска пумпа и складиште за гас во јеменската провинција Бајда , соопштија медицински извор и локални власти.На социјалните мрежи кружат видеа од оваа страшна експлозија. На видеото можете да видите како гори бензинската пумпа и од неа извива густ црн чад, а потоа во еден момент целата работа експлодира.Јемен најмногу се споменува во медиумските извештаи како земја во која од 2015 година беснее граѓанска војна меѓу владините сили поддржани од Ријад и бунтовниците Хути кои се свртеа кон Иран како нивен најголем и главен сојузник.
WATCH⚡️An explosion at a gas station in the Al-Bayda province of Yemen has killed seven people and injured another 65.Via: @inside_IL_intel pic.twitter.com/kWjat1maIN— Open Source Intel (@Osint613) January 12, 2025
Во последно време оваа земја се почесто се споменува во контекст на конфликтот со Израел. Хутите често изведуваат ракетни напади врз Израел како одговор на воената кампања што израелската армија ја спроведува во Појасот Газа во војната против Хамас што трае од 7 октомври 2023 година.Хутите се поддржани од Иран и заеднички ги поддржуваат Хамас и Хезболах во војната против Израел и САД.