недела, 15 ноември 2026
Најново

Црна Гора: Просечната плата надмина 1.000 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска статистичката агенција на државата, „Монстат“.

Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната нето плата изнесувала 876 евра.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември, во однос на ноември, бележат намалување од 0,1 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период се зголемени за два отсто, а ако се знае дека цените лани во однос на 2023 година забележале раст од 3,3 отсто, тоа значи дека реално платите се зголемени за 7,1 отсто“, се вели во соопштението.

Поврзани вести