недела, 15 ноември 2026
Најново

Во Куманово исчезнале тинејџерка и 44-годишен маж

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во изминатите 24 часа во кумановската полиција е пријавено исчезнувањето на двајца жители на градот – 44-годишен маж и 16-годишна девојка, соопшти МВР.

„Во 22.30 часот А.Б. (46) пријавил дека неговиот брат Б.Ф. (44) се оддалечил од неговиот дом на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово и подолго време го нема“, велат од полицијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во вториот случај, 52-годишен жител на Куманово пријавил дека ја нема неговата ќерка.

„По полноќ, С.Т. (52) од Куманово пријавил дека неговата ќерка С.С. (16) од Куманово се оддалечила од нејзиниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти СВР Куманово.

Поврзани вести