недела, 15 ноември 2026
Најново

Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може да има избори или референдум, но додека тој е жив нема да има сервилна влада предводена од белосветски крадци, пренесе Бета.

Им кажав на некои светски лидери кои разговараа со мене дека можат без мене и дека нивните предупредувања за сопствената безбедност ги сфатив како закана. Им реков дека можат да ме убијат, но дека нема да се согласам за транзициска или експертска влада под какви било услови, нагласи Вучиќ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој наведе дека она што се случува во последните неколку месеци во државата е директен обид на странски разузнавачки агенции да ја соборат Србија.

Поврзани вести