недела, 15 ноември 2026
Најново

Писториус го отфрли повикот на Трамп за членките на НАТО да издвојат пет отсто од БДП

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП), нарекувајќи ја бројката нереална и непотребна.

-Пет проценти од нашиот БДП би биле еднакви на 42 проценти од федералниот буџет, што е речиси секое второ евро што владата го троши, значи околу 230 милијарди евра, рече Писториус во интервју за весникот „Тагесшпигел“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според него, Германија не би можела да се справи, а камоли да потроши толку.

Поврзани вести