недела, 15 ноември 2026
Најново

Трудо и Шејнбаум разговарале за американските царини за увоз од Мексико, Канада и Кина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Канадскиот премиер Џастин Трудо телефонски разговарал со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум за воведувањето царини од САД за увоз на производи од Мексико, Канада и Кина, соопшти денеска канцеларијата на Трудо.

Во соопштението се вели дека Трудо и Шејнбаум се согласиле да работат заедно во области од заеднички интерес, како и да ги унапредат односите меѓу Канада и Мексико.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Двете држави уште вчера најавија дека соодветно ќе одговорат на воведувањето царини од страна на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за воведување царини на стоки од Канада, Мексико и Кина.

Поврзани вести