Откако претседателот на Русија Владимир Путин денеска попладне даде сложен одговор на американско-украинскиот предлог за прекин на огнот, следеше реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во вечерната изјава, Зеленски ги опиша зборовите на Путин како „многу предвидливи“ и „многу манипулативни“, истакнувајќи дека рускиот претседател се подговува да го одбие предлогот за примирје.
Путин рече дека сака мирно решавање на судирот, но со одредени услови, кои многу веројатно ќе вклучуваат и територијални отстапки.
„Путин, се разбира, се плаши директно да му каже на претседателот Трамп дека сака да ја продолжи оваа војна, дека сака да убива Украинци“, рече Зеленски. „Затоа Москца поставува услови за молк на начин на кој ништо нема да се случи или дека ќе се случи што е можно подоцна“. Тој ги нарече изјавите на Пути „уштен една руска манипулација“.
Зеленски истакна дека Украина не поставува услови кои ги отежнуваат преговорите, додека Русија го прави тоа. „Како што секогаш велевме, единствените кои ќе одолговлекуваат и ќе ја продолжат оваа војна се Русите“, додаде тој. „Тие сакаат војна. Путин украде години мир и ја продожува оваа војна – од ден во ден“,
Украинскиот претседател заврши со повик до сојузниците да го зголемат пртитисокот на Путин и да воведат дополнителни сакнции.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.