Сончево и пријатно време со умерени температури

Денес времето ќе биде претежно сончево и топло, со понекогаш мала до умерена облачност. Ќе има умерен, а понекаде и засилен јужен ветер, кој може да достигне брзина над 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 4 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 19 до 27 степени. Во Скопје, исто така ќе биде сончево и топло, со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе се искачи до 27 степени. Исто така, во сабота се предвидува да остане стабилно и топло, со засилен јужен ветер кој ќе достигне брзина над 60 километри на час. Во недела на неколку локации, а во понеделник на повеќе места, се предвидува нестабилно време, со интензивни дождови и електрични празнења, што понекогаш може да се развие и во невреме. Во вторник времето се очекува да донесе локални врнежи од дожд, додека на повисоките планински предели ќе има снег. Засилен северен ветер ќе дува, а дневните температури ќе паднат за 7 до 10 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.