ТРАГЕДИЈА: ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КОЧАНИ, ОГРОМЕН БРОЈ НА ПОЧИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ!

На концертот на ДНК синоќа се запали дискотека во Кочани. Како што дознаваме причините за пожарот се утврдуваат, меѓутоа до овој момент, неофицијално има нешто повеќе од 50 починати, дополнително има и голем број на повредени лица.

– Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува.

Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани.

На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување. – информираат од ОЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи: