Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има големи шанси да ја завршам војната

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека утре ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин како дел од американско-руското приближување за ставање крај на војната во Украина.

„Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот „Ер Форс 1“, додавајќи дека „многу работа е завршена“.

„Веќе се разговараше за многу работи на двете страни, Украина и Русија. Ќе разговараме за тоа, за поделба на одредени средства“, рече Трамп, алудирајќи на „размена на делови од територија и електрани“.

На 12 февруари Трамп и Путин првпат разговараа за билатералните односи и војната во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: