Вчера повикавме на мирен собир денес да оддадеме почит за настраданите во Кочани, објави на Фејсбук профилот „Мое Вевчани“ кои споделија информации дека полицијата ги барала администраторите на страницата.
– Денес полицијата низ Вевчани ги бара администраторите на страната со исказ „сте планирале да организирате протест“
Нашата намера не беше да биде протест, туку собир за искажување сочувство и солидарност. Очигледно тоа некому не му одговара и затоа нашиот пост ќе биде избришан.
Уште еднаш да знае МВР и Панче Тошковски, Мое Вевчани нема намера да организира никаков протест, а Тошковски да не се замара со администраторите туку да си ја гледа работата за која ние граѓаните го плаќаме. – стои во објавата на Фејсбук.




