Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.Во прилог ги испратијa броевите Министерство за надворешни работи и надворешна трговија: 075/273-732 075/268-736 Турција-Анкара +90 5316579200 +90 5335725684 Турција-Истанбул +90 542 810 99 78 +90 552 561 80 09 Грција-Атина +30 6944190134 +30 6947736602 Грција-Солун +30 694 525 8536 Бугарија +359 876123768 +359 876112993 +359 889210005 Србија +381 601382942 +381 601427455 Унгарија +363 03037377 Литванија-Полска +48 608141191 Австрија +436644680520 +436767069209 Словенија +386 41 353 198 +386 40 800 747 Хрватска +385 99 524 4741 +385 91 608 2944 Норвешка +47 406 31 613 +47 922 34 630 Италија +39 3384079247 +39 3518504187 Полска +48 608 141191 Шведска +46 701844605 +46 768792019Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста.Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара.Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.Замолија, во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.
Пронајдете не на следниве мрежи:



