(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?! Еве колку народ имаше вечерва во Скопје!

Радио МОФ објави снимка на која се гледа огромниот број на граѓани кои вечерва и покрај лошите временски услови излегоа на протестниот марш во организација на „Кој е следен?“.

Маршот започна од Плоштадот „Македонија“ каде граѓаните се собраа и се упатија најпрво кон Собранието на Република Македонија каде скандираа „убијци“, со громогласен аплауз и скандирање „вие сте херои“ беа поздравени лекарите и пациентите во градската болница „Свети Наум Охридски“, по што маршот продолжи кон Владата.

Пред Владата се скандираше „одговорност“ и „цела влада оставка“, по што имаше 20-минутен молк во чест на загинатите во Кочани и сите жртви на системот.

Двајца млади луѓе имаа кратки говори пред Владата, по што се обратија од „Кој е следен“ и истакнаа дека според нивните проценки вечерва имало околу 10.000 граѓани. За следните чекори ќе се извести дополнително.

Во продолжение погледнете го видеото на Радио МОФ и видете колку луѓе учествуваа во протестниот марш.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

Пронајдете не на следниве мрежи: