Шекеринска ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците од НАТО за дополнителна помош за Украина, вклучувајќи и испорака на противвоздушна одбрана, оклопни возила, беспилотни летала и муниција.Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и за глобалната стабилност, порача заменик-генералната секретарка на НАТО Радмила Шекеринска, на неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ во Варшава.Таа повика на зајакнување на поддршката за Украина сега, но и на подолг рок, потенцирајќи дека за да се обезбеди траен мир, земјата мора да остане силна. Шекеринска ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците од НАТО за дополнителна помош за Украина, вклучувајќи и испорака на противвоздушна одбрана, оклопни возила, беспилотни летала и муниција.Таа нагласи дека НАТО помага долгорочно за зајакнување на вооружените сили на Украина, како преку финансиска поддршка, така и преку Програмата за безбедносна помош и обука за Украина (НСАТУ) и новиот Центар за заеднички анализи, обука и едукација НАТО-Украина во Полска.Заменик-генералната секретарка на НАТО ја поздрави соработката меѓу Алијансата и Европската Унија, како и неодамнешните иницијативи на ЕУ за одбраната, истакнувајќи дека разговорите за меѓусебната соработка ќе продолжат со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и на состанокот на министрите за надворешни работи на Пактот, што вчера и денеска се одржува во Брисел.
Пронајдете не на следниве мрежи: