Чешки фудбалер загина на санкање

Поранешниот чешки фудбалски репрезентативец Вацлав Дробни (32) во петокот им подлегна на повредите кои ги здоби во зимскиот центар Шпиндлеров Млин.

Според информациите од болницата, до несреќата дошло околу еден часот по полноќ кога Дробни излетал од уредената стаза за санкање и се удрил во дрво. Здобиените повреди биле толку тешки што неколку часа подоцна тој почина.

Врвот на кариерата Дроби го достигна во 2011 година, кога како капитен на младата репрезентација ја освои титулата европски шампион до 21 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: