Класична музика заедно за подобра иднина

Во камерната сала на Македонската филхармонија, вчера се одржа значајна хуманитарна музичка вечер каде што преовладуваше класичната музика, солидарноста и поддршката. Настанот беше отворен со едноминутно молчење, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани, по што музиката на Бетовен ги исполни звуците во просторот.
На концертот, посетителите имаа ретка можност да прсутствуваат на изведба на Концерт за виолина и Симфонија бр. 7 под диригенство на маестро Симовиќ, заедно со оркестарот на „ФЕЈМС“ институтот кој беше составен од талентирани млади музичари од разни европски држави. Публиката одлучно ги награди изведувачите со стоечки аплауз, барајќи ги повторно да се појават на сцена, а извонредниот Роман Симовиќ уште еднаш ја потврди својата ревност како водечки виолинист на современото време. Приходите од продадените влезници ќе бидат насочени за фондот кој ќе помогне на семејствата на жртвите и повредените од катастрофалниот пожар во ноќниот клуб во Кочани.
Кога зборовите немаат доволна сила, музиката служи како најискрена форма на утеха и солидарност. Со овој концерт, преку умешноста на уметноста, сакаме да дадеме поддршка на семејствата погодени од оваа несфатлива трагедија. Посебна благодарност му изразуваме на Роман Симовиќ за прифаќањето на поканата и користењето на неговиот талент во служба на хуманоста, истакнуваат организаторите.
The post Класична музика заедно за подобра иднина appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: