ВИДЕО: Страотна несреќа во Италија – возач итал со 250 километри на час, збриша три млади животи

Тројца млади луѓе загинаа викендов во италијанскиот град Бриндизи, предизвикана од возач на изнајмено „Порше“, кој возел 250 километри на час и ја загубил контролата врз автомобилот, пишуваатВозачот, 22-годишниот Луиџи Перучо, го изнајмил „Поршето“ за 400 евра. Тој возел со огромна брзина кога изгубил контрола, а автомобилот се превртел, удрил во дрво и се запалил. Загинале и две 21-годишни девојки – Сара Капилунга и Карина Ризхова. Телата на жртвите во несреќата од целосно изгореното возило морале да ги извлекуваат локалните пожарникари. Несреќата ја потресе локалната заедница.

Една од жртвите била од Украина и живеела со италијанско семејство, а тоа било информирано преку телефонски повик и со помош на GPS пристигнало на местото на трагедијата. Градоначалникот на Бриндизи прогласи ден на жалост и изјави: „Засекогаш ќе бидете во нашите срца“.
Истражните власти продолжуваат со истрагата за причините на несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи: