36-годишен жител на Пробиштип доби кривична пријава откако нападнал жена, а потоа со нож им се заканувал на членови на нејзиното семејство и на полицајци кои биле повикани да го неутрализираат, соопшти МВР.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.04.2025 во Пробиштип, по претходна расправија со А.А., пријавениот физички ја нападнал неговата сестра Т.А., а потоа со остар предмет упатувал закани на семејството на А.А. и на полициски службеници додека вршеле службени дејствија“, велат од полицијата.



