Вечерва се одржува редовна седница на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата, според најавите, ќе се разговара и за актуелните случувања со Арбен Таравари и неговото крило на Алијанса за Албанците, кои одлучија да ја напуштат владината коалиција и отсега да дејствуваат како опозиционери.
Највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ треба да разговара и за евентуалната смена на ресорите, во која партијата би го добила ресорот Здравство. Ваква можност вчера најави и Биљал Касами од „Вреди“.



