Макрон: Дијалог со Путин е неопходен

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се воспостави прекин на огнот. Дијалогот со Путин е неопходен, изјави тој за француските медиуми. Во исто време, тој не ја исклучи можноста ЕУ, заедно со САД, да воведе нови санкции кон Русија во наредните денови што би влијаеле на финансиските услуги и секторот на јаглеводороди.

Му го дадовме на Киев сето оружје што можевме. Франција не може да испорача повеќе оружје на Украина и со тоа да ја оштети сопствената армија. Веќе даде сè што можеше и го зголеми производството за трипати, рече францускиот претседател.

„Нашата војска не е подготвена за долг конфликт со висок интензитет“, изјави тој, додавајќи дека Париз не може да даде она што го нема. Според него, француските хаубици „Цезар“ испорачани на Украина покажале висока ефикасност на фронтот, а Франција дури му ги дала на Киев оние што им ги ветила на други партнери, како што е Данска.

Пронајдете не на следниве мрежи: