Мајка на починато дете во трагедијата во Кочани му пиша на Христијан Мицкоски и порача дека е време да дојде лично во Кочани.
– Време е да покажете одговорност и човечност. Дојдете лично во Кочани. Запалете свеќа на гробовите на нашите убиени ангели. Не беа болни – беа убиени. Немате изговор да не бидете тука, со народот, со семејствата, лице в лице со болката.
Знаеме дека се видовте со дел од родителите, но другите не беа ни во психичка состојба да дојдат. Тоа не е оправдување за вашето физичко отсуство. Доста беше манипулации со нас.
Ако имавте барем малку грам жал и човечност, како што го охрабрубвате сопствениот син да продолжи напред – знаете дека патот ќе му биде тежок на Машински факултет – така и мојата ќерка имаше сон. Таа следната година требаше да матурира и да се запише на Економски факултет во Словенија. Наместо денес да ја бодрам и подготвувам за животот, со мајчинско, скршено, но борвено срце ветувам:
Правдата за нејзиното убиство ќе биде тешка, но мора да излезе на виделина. Од таа кобна ноќ добивме само молк, игри и празни зборови.
Народот не е глуп, бараме вистина, правда и одговорност. – напиша Габриела Наунова на Фејсбук.




