ХОРОР ВО ХАМБУРГ, ЖЕНА СО НОЖ ПРОБОДЕ 12 ЛИЦА Страшна случка на главната железничка станица

Пожарникарите од Хамбург изјавија дека шест од жртвите се во критична состојба и се борат за живот. Другите тројца повредени се со сериозни повреди, додека останатите тројца се со повреди од помал интензитет.
Околу 18:05 часот, на платформа помеѓу шините 13 и 14 на главната железничка станица во Хамбург, се случил напад со нож на повеќе лица. Според информациите од германската полиција, 39-годишна жена, која веднаш била уапсена на самото место, без причина нападнала патници на перонот.

Во нападот биле повредени вкупно 12 лица – шестмина се со животозагрозувачки повреди, тројца се сериозно повредени, а уште тројца имаат полесни повреди.
„Осомничената е женско лице и дејствувала сама“, потврдија од полицијата, додавајќи дека засега не се пронајдени дополнителни лица поврзани со нападот.

Среде инцидентот, властите веднаш ги затвориле четири железнички траси и спровеле голема полициска операција на местото на настанот.

Пожарникарите од Хамбург изјавија дека шест од жртвите се во критична состојба и се борат за живот. Другите тројца повредени се со сериозни повреди, додека останатите тро

јца се со повреди од помал интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: